Заврши одморот за пратениците

t

Со одржувањето на денешната Работна сесија на Советот на амбасадори на која ќе се обрати претседателот на Собранието Африм Гаши, пратениците се враќаат во собраниските клупи по августовскиот одмор. Првата нова пленарна седница на Парламентот е закажана за 2 септември.

На собраниската веб страна на 25 август се најавени две средби на претседателот на Собранието Африм Гаши со турскиот амбасадор Фатих Улусој и со постојаната координаторка на ОН Рита Колумбиа.

Од Кабинетот на Гаши велат дека тој постојано е на работа, иако официјално пратениците се на одмор.

На 121 седница закажана за 2 септември на дневен ред се 53 точки, меѓу кои именување на вицегувернер на Народната банка, ратификации, Предлог на закон за пријавување и проверка на странски директни инвестиции (*), во прво читање, Предлог на национална стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030 година, како и закони по скратена постапка, главно усогласувања со новиот Закон за високи раководители.

Редовната летна пауза на Собранието е од 1 август, иако дел од пратениците имаат активности и за националниот празник Илинден, кој се одбележува на 2 август.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заврши одморот за пратениците

Со одржувањето на денешната Работна сесија на…

Огласи за пет вработувања во Собранието, платите…

Отворени се огласи за пет работни места…

Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска…

Во Собранието одбележан Меѓународниот ден на сеќавање…

По повод 11 Јули – Меѓународниот ден…

Денеска ќе бидат доставени имињата на новите…

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во текот…