Вигенин: Нема рокови за компромис, Бугарија нема причина да брза

Нема промена во бугарската позиција во однос на Р Македонија. За ова прашање има консензус од 2019 година и тоа беше потврдено на состанокот на Советодавниот совет за национална безбедност на претседателот. Ова го изјави потпретседателот на Националното собрание и поранешен министер за надворешни работи Кристијан Вигенин.
Според него, посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје минатата недела постигнала важна цел. Бугарија се обиде повеќе да ја вклучи македонската страна, како и да изгради доверба меѓу двете земји за да се дојде до решение за потешките прашања, изјави тој за БНТ. Вигенин ги посочи како прашања што треба да се решат – правата на Бугарите, промената на учебниците и целиот наратив што постои во РМ кон Бугарија.
Потпретседателот на Собранието смета дека без доверба не може да има напредок. „Нема рокови. Бугарија нема причина да брза. Топката е во полето на македонската страна“, нагласи Вигенин, додавајќи дека претстои поголемо партнерство меѓу парламентите на двете земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Платите на наставниците во Бугарија од денес…
Платите на наставниците во Бугарија од денес…
Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…
Еден од повредените во страшниот пожар што…
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
Конечно добри вести: Двајца од повредените кои…
Двајца од повредените во пожарот во кочанската…