(Видео) Ангелов: УЧК во 2001 година немаше никаква шанса за победа, македонските сили беа апсолутно надмоќни!

t

Стојанче Ангелов во денешната епизода на Тешки муабети истакна дека во 2001 година терористите од УЧК немале никакви шанси да ги победат македонските сили, како коментар на изјавата на Ахмети дека тие победиле во конфликтот.

– Ахмети таа изјава ја имаше дадено во Шипковица каде беше нивниот главен штаб на УЧК.

Ние во 2001 година бевме надмоќни имавме минофрлачи, борбени хеликоптери, бомби, пушки, борени авиони, немаа теоретски шанси. Во ниеден случај не можеа да не победат, ама се поставува друго прашање, дали ние ќе ги победевме?

Албанците ќе останеа таму да живеат и да го исчистевме селото, Македонија е на сите не само на Македонците. Учествував во чистењето на Селце, кое е етнички целосно албанско село.

Ние бевме надмоќни, ппобедивме секаде, во 2001 година изгубија политичарите. Потпишувањето на Рамковниот договор им падна тешко и на Бошковски и на Георгиевски, но бевме добро притиснати (од странство). – вели Ангелов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стоилов објави крај на репрезентативната кариера: Ми…

Македонскиот ракометен репрезентативец Стојанче Стоилов вчера по…

Ахмети повторно најавува решавање на спopoт со…

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети уште еднаш…