(Видео) Арсовска: Мицкоски беше многу добро е запознаен со сумите, а тоа беше доверливо, ќе има органите што да работат!
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вчера во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека го гледала гостувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата на ТВ21.
Таа вели дека Мицкоски е многу добро запознаен со сумите за тендерот на Водовод и Европската инвестициона банка вреден над 130 милиони евра кои биле доверливи.
„Со самото тоа што некој сите овие месеци ги криел процесите кои се одвиваат таму, а јас како градоначалник не сум добила ниту една пишана информација, ниту пак Советот добил било каква информација врзана за сите овие дејствија таму, а од друга страна видовме дека тука, токму во вашата емисија, претставникот кој што беше на опозициската ВМРО-ДПМНЕ богами и како тоа добро е запознаен со сите постапки, со сите суми, со сето она што се одвивало таму. Сметам дека е сериозна индиција за тоа што се случувало таму“, вели Арсовска.
Таа додава дека штом можело некој од надвор, за нешто што се квалификува како доверливо, толку многу добро да е информиран смета дека органите во Македонија ќе имаат со што да се позанимаваат во следниот период.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени 16 возачи, дури 14 управувале без…
Полицијата во изминатото деноноќие привела 16 лица…
Над 1.000 случаи на западнонилска треска во…
Најмалку 1.086 лица се заразиле со вирусот…
Рама: Најдобриот пат кон ЕУ е постепена…
Aлбанскиот премиер Еди Рама денеска повика на…
Жена доживеала ужас: Била нападната и малтретирана…
На 04.09.2026 во 19:45 часот во ПС…
Скопјанка пријавила дека сопругот ја нападнал, но…
На 04.09.2026 во 12:36 часот во СВР…