Макрон од говорницата на ОН предупреди дека во светот „се враќа законот на џунглата“
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во своето обраќање пред Генералното собрание на ОН во Њујорк предупреди дека во светот се враќа „законот на џунглата“ и упати апел за цврста поддршка на светската организација.
Говорејќи на општата дебата во рамки на 81-та сесија на Генералното собрание, францускиот претседател го постави прашањето за идниот меѓународен поредок.
– Прашањето што ни се поставува на многу едноставен начин е дали сакаме да живееме во оваа природна состојба – со форма на враќање кон законот на џунглата – или во цивилизирана меѓународна заедница. Сега, повеќе од кога било, наша должност е цврсто да застанеме покрај Обединетите нации, за заедно да го решиме сето она што е во заеднички интерес – истакна Макрон.
Осврнувајќи се на кризата на Блискиот Исток, Макрон истакна дека она што се случува во Појасот Газа претставува спектакл „од кој сите треба да се срамиме“, предупредувајќи дека во оваа палестинска енклава сè уште не е отворен ниту еден хуманитарен коридор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонската берза ја стави Алта банка на…
Македонската берза денеска соопшти дека ја ставила…
Пезешкијан: Моџтаба Хамнеи ѝ даде на владата…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека…
Мицкоски: Сакаме германските компании да ја препознаат…
Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека остварил бизнис…
Драма на летот за Софија: Дојава за…
Патнички авион на авиокомпанијата „Виз ер“ (Wizz…
АЛТА БАНКА има преку 30 милиони евра…
Продажба на Алта Банка А.Д Битола на…