(Видео) БГНЕС: Во Македонија се врши прогон на писатели за навреда на македонскиот народ

Веста за кривичната пријава за писателот и публицист Ким Мехмети, поднесена против него од страна на лидерот на Левица Димитар Апасиев се најде и во бугарските медиуми.
Во свој материјал бугарската информативна агенција БГНЕС соопштува за кривичната пријава за Мехмети и потсетува дека само пред 10-на дена Мехмети имаше интервју за агенцијата во кое истакна дека Македонија и Македонците се уште се робови на српските политички сфаќања дека за државата се штетни само Бугарите и Албанците.
„Во оваа Македонија каде пред цел свет се навива „Смрт за Албанците“ и „Само мртов Албанец е добар Албанец“ конечно и јас завршив таму каде што припаѓам – пред обвинителите и судовите на оваа земја.
Не знам зошто, но чувствувам чест што ме тужи и ме обвинува ЛЕВИЦА, партија која смрди на антиалбанизам и која предизвикува повраќање секогаш кога ќе го слушнам нејзиното име, а камоли да се занимавам со тоа, се вели во реакцијата на Мехмети откако ја добил поканата од Обвинителството. – Пишува ТРИБУНА.
Неодамна, Ким Мехмети во интервјуто за БГНЕС истакна дека ни Албанците ни Македонците не ја чуствуваат Македонија за своја држава, како и тоа дека Гоце Делчев сам се прогласил за Бугарин, иако спротивно на историските факти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарите навредени: Македонските медиуми се однесуваат антиевропски…
Бугарските медиуми "се шокираи" од како што…
Инфомакс е, и ќе биде редакција на…
Во вечерашното издание на "Teшки муабети" се…
ССНМ: Медиумите во целост да ги исплаќаат…
По истекот на законскиот рок за исплата…
Идентитетот бетон, медиумската историја во ветер
Враќањето во македонското минато честопати е со…
Протокаларен скандал при слетување на авионот Софија…
Неколкуте екипи на националните телевизии останаа на…