БГНЕС: Вучиќ се приклучи на „антиевропската реторика што ја блокира Македонија во ЕУ“

t

Во известувањето од синоќешната Светославска академија, БГНЕС цитира изјава од говорот на Вучиќ: „Србија не бара од Македонија промена на Уставот, тоа е ваша внатрешна работа“.

Бугарската новинска агенција БГНЕС оцени дека српскиот претседател Александар Вучиќ „во центарот на Скопје отворено се занимава со антиевропска реторика и пропаганда што води кон блокирање на европската перспектива на Македонија“. пишува Данас.рс.

Во известувањето од синоќешната Светославска академија, БГНЕС цитира изјава од говорот на Вучиќ: „Србија не бара од Македонија промена на Уставот, тоа е ваша внатрешна работа“.

Објаснувајќи го контекстот, БГНЕС навел дека без задолжителниот услов за измени на Уставот, Република Македонија не може да ги продолжи преговорите за членство во Европската унија. Ова, како што се посочува, е вградено во Преговарачката рамка на Македонија, која ја одобрија сите земји членки на Европската унија.

Се наведува дека празникот Вучиќ го прославил заедно со претседателот на Македонија, Стив Пендаровски и со премиерот во заминување, Димитар Ковачевски, а на настанот присуствувале и претставници на Република Српска (српски ентитет во Босна и Херцеговина).

Јас сум претседател на Србија, но не се плашам да кажам дека Македонците се нашиот најблизок народ. Немаме поблиски луѓе од Македонците. Ова го кажувам отворено и јасно пред целата српска и македонска јавност. Не сакаме ништо од Македонија. Немаме услови за ништо. Не очекуваме ништо. Единствено што би сакале е да изградиме уште подобри и поблиски односи“, го пренесе БГНЕС обраќањето на српскиот претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија дала над 110.000 евра на здруженија…

Од 2023 година, Управата за дијаспора на…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…