(Видео) Без голови во првото полувреме: Македонија “брка” победа со играч помалку

t

Фудбалската репрезентација на Македонија игра без голови на полувремето против Бугарија (0-0), во мечот од последната рунда на Лигата на нациите. Иако добро тргнавме, Тодор Тодороски рано заработи црвен картон и ситуацијата на теренот се промени. До паузата изостанаа вистинските возбудувања на Арената „Тодор Проески“, па актерите останаа должни. 

Предводникот на репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски од стартот тргна со офанзивни претензии. За тоа најдобро зборуваше поставеноста со тројца напаѓачи, Трајковски, Миовски и Ристовски. На средината се најдоа Елмас и Барди, Алиоски и Тодороски ги покриваа страничните места, а во дефанзивата од прва минута истрчаа Зајков, Муслиу и Бејтулаи.

Во одлична атмосфера, пред солидно пополнетите јужна и северна трибина на Арената, двете екипи започнаа отворено. Бугарите немаа што да чекаат и сакаа да нападнат, ама Македонија не дозволуваше премногу простор за такво нешто. Првите возбудувања се случија по 14 минути игра, а Македонија остана со десетмина. Тодор Тодороски невминателно стартуваше со отворен ѓон над противник и доби директен црвен картон. Иако ситуацијата се прегледуваше во ВАР собата, немаше промена на одлуката на судијата Вајнбергер. Поради ова исклучување, селекторот Милевски го повлече Александар Трајковски од теренот, а на негово место влезе Стефан Ашковски

Македонија беше помалкубројна на теренот, меѓутоа и натаму играше добро, креираше напади и сакаше да дојде до водство. Првата сериозна закана по голот на Наумов ја имаше Милан Ристовски. Барди проби по левата страна и му додаде на младиот напаѓач, а овој биеше од околу 25 метри и изнуди голманска одбрана.

а спротивната страна по едно невнимание во шанса дојде Десподов, ама не беше спремен и не успеа да шутне. Темпото на игра по половина час опадна, Бугарите повеќе ја имаа топката, ама нашиот дефанзивен ред беше добро поставен. 

Во продолжението треба да се очекуваат нови корекции во редовите на Македонија од страна на Милевски, со цел стабилизација на силите на теренот. 

Извор: ГОЛ.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вонредна состојба во регионот на експлозијата во…

Делумна вонредна состојба е прогласена во градот…

(Видео) СТРАШНА ЕКСПЛОЗИЈА НА МАГАЦИНИ ЗА ОГНОМЕТ…

Експлодираа магацини за огномет меѓу Елин Пелин…

Европската комисија ја тужи Бугарија

Европската комисија објави дека одлучила да поднесе…

Полицаец пронашол камена гробница од античко време…

Саркофаг (камена гробница) од античко римско време…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…