(Видео) Блокиран патот Битола-Ресен, возеле без возачка па им ги земале возилата!
Група граѓани денеска попладне го блокираше сообраќајот на патниот правец Битола–Ресен, при што беше целосно прекинато движењето на возилата во двата правци. Околу 300 лица во 16:30 часот го затворија патот А-3 кај локацијата позната како Ромска населба.
Протестот се одвиваше со поставување и палење гуми на коловозот, со што беше оневозможена нормалната сообраќајна комуникација. Според досегашните информации, причина за протестот е одземањето на три возила од страна на полицијата.
Поради блокадата, возачите се пренасочуваат кон алтернативни патни правци. На терен се присутни полициски екипи кои го регулираат сообраќајот и се грижат за безбедноста на учесниците во протестот и на останатите граѓани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Блокиран патот Битола-Ресен, возеле без возачка…
Група граѓани денеска попладне го блокираше сообраќајот…
Истражната постапка заврши, но европските пари за…
И покрај тоа што истрагата за злоупотреба…
ФИНКИ ќе ги добие двете згради кај…
По завршувањето на стручните проценки, донесена е…
Средба на Сиљановска-Давкова со швајцарскиот претседател Пармелан…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството…
Рокас: Хронично недоволното финансирање го слабее судството
Независноста и ефикасноста на судството не се…