(Видео) Блокиран патот Битола-Ресен, возеле без возачка па им ги земале возилата!
Група граѓани денеска попладне го блокираше сообраќајот на патниот правец Битола–Ресен, при што беше целосно прекинато движењето на возилата во двата правци. Околу 300 лица во 16:30 часот го затворија патот А-3 кај локацијата позната како Ромска населба.
Протестот се одвиваше со поставување и палење гуми на коловозот, со што беше оневозможена нормалната сообраќајна комуникација. Според досегашните информации, причина за протестот е одземањето на три возила од страна на полицијата.
Поради блокадата, возачите се пренасочуваат кон алтернативни патни правци. На терен се присутни полициски екипи кои го регулираат сообраќајот и се грижат за безбедноста на учесниците во протестот и на останатите граѓани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на…
Со цел споменот на 63-те загинати во…
Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…
Секој кој ќе ги исполни условите може…
Продолжува потрагата по 27-годишниот Шемо Шабани од…
Речиси еден месец нема трага од 27-годишниот…
Египет стави исламско здружение од Македонија на…
Македонско исламско здружение се најде на списокот…
Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во…
Поранешниот министер за економија и поранешен директор…