(Видео) Брутална навивачка пресметка во Виена – летаа тупаници и запалени факели
Во „дербито за Виена“, екипата на Рапид ја совлада Австрија (2-1), но средбата повеќе ќе се памети по жестоките нереди меѓу фановите по завршување на натпреварот.
Неколку минути по последниот судиски свиреж настана хаос, навивачите на двата тима влетаа на теренот, а потоа почна размената на факели и други предмети, а имаше и физички пресметки. Најмалку едно лице е повредено, а обезбедувањето целосно ја загуби контролата врз ситуацијата. Полицијата доцна реагираше, а подоцна се распореди на средината на теренот за да спречи понатамошна ескалација на конфликтот.
На социјалните мрежи се појави драматично видео на кое се гледа жестока размена меѓу навивачите, а во еден момент изби и тепачка. Навивач по неколку удари падна на тревникот, а неговите „другари“ го влечеа назад на трибината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) ВОЗИ СО НАД 200 КМ/Ч И…
Возење со брзина поголема од 200 километри…
Ајзенкот доби мандат за формирање влада во…
Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“,…
Mихајлова: Тоа што сум родена во Македонија…
Ива Михајлова даде интервју за бугарските медиуми.На…
Трамп: Америка со последните избори направи голем…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска оцени дека…
Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изрази сочувство до семејствата…