(Видео) Бугарски навивачи нападнати на трибините во Марсеј — Французите употребиле ножеви и палки

t

Марсеј и Левски вчера го одиграа натпреварот од петтото коло во Лигата на Европа кој заврши со победа на францускиот гигант од 1-0, но случувањата на теренот останаа во сенка на сериозните инциденти на трибините на легендарниот „Велодром“.

Според информациите на бугарскиот портал „Гонг“, маскирани навивачи на Марсеј вооружени со ножеви, палки и факели тргнале кон секторот во кој се наоѓале навивачите на Левски, додека полицијата и редарите не успеале да ја спречат нивната акција.

Поради нападот, голем број гостински навивачи биле принудени да го напуштат секторот и да се спасуваат од опасната ситуација.

Инцидентите продолжиле и на полувремето, кога ултрасите на домашниот тим повторно го нападнале делот наменет за навивачите на Левски. Биле фрлани ракети, а дел од напаѓачите користеле и ножеви во нападите.

За жал, во инцидентите има и повредени бугарски навивачи, од кои некои биле изнесени од стадионот и пренесени во болница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Бугарски навивачи нападнати на трибините во…

Марсеј и Левски вчера го одиграа натпреварот…

Во Франција шеста сабота по ред протести…

Ширум Франција шеста сабота по ред се…

Франција потврди присуство на свои војници во…

Француски воени припадници веќе неколку месеци се…

Откажуваат послушност: Француски полицајци не се јавиле…

Речиси 1.000 припадници на француските полициски единици…

(Видео) Полицаец се запали среде протести во…

Полицаец во Франција се запали откако демонстрант…