Франција потврди присуство на свои војници во Украина – тајна мисија за обука и одржување воена опрема

t

Француски воени припадници веќе неколку месеци се наоѓаат на територијата на Украина, каде што учествуваат во обука на украински војници и во одржување на воена опрема. Присуството, кое досега не беше јавно потврдено, го признаа француските власти.

Според информациите што ги објавија француските медиуми, малите тимови се распоредени во рамките на доверлива мисија со кодно име „Волија“, која функционира најмалку од летото годинава. Станува збор за краткотрајни ротации на воен персонал, а точниот број на ангажираните припадници не е објавен.

Заменик-министерката за одбрана Алис Руфо изјави дека присуството е „многу ограничено“, дека војниците се на голема оддалеченост од фронтот и дека не учествуваат во борбени операции. Таа нагласи дека не станува збор за воена интервенција.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, пак, изјави дека Франција не е страна во војната и нема намера да стане, но продолжува да ја поддржува украинската армија преку обука и техничка помош.

Објавите за француското воено присуство предизвикаа реакција од Москва. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го оцени присуството на странски воен персонал во Украина како директно учество во војната. Франција ги отфрли ваквите обвинувања.

Според француските медиуми, дел од активностите се поврзани со мисијата „Герфо“, преку која Франција обучува украински војници во Полска. Од 2023 година досега, француската армија обучила околу 25.000 украински војници во Франција и Полска.

Засега нема официјални податоци за бројот на француските војници во Украина, ниту за целосниот опсег на нивните активности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франција потврди присуство на свои војници во…

Француски воени припадници веќе неколку месеци се…

Откажуваат послушност: Француски полицајци не се јавиле…

Речиси 1.000 припадници на француските полициски единици…

Русија тврди дека погодила товарен брод со…

Руското Министерство за одбрана соопшти дека неговите…

Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…

Мерц откри кој би можеч да ја…

Пет земји би можеле да ја претставуваат…