Објавено на:

(Видео) Вознемирувачко: Мигранти си ги шијат усните за да ги убедат мексиканските власти да дозволат премин преку границата

t

Недокументирани мигранти од Централна и Јужна Америка ги зашија своите усти во обид да ги убедат мексиканските власти да им дозволат премин до границата со САД.

Шокантно видео и фотографии снимени во вторникот во градот Тапачула во јужната држава Чиапас покажуваат како неколку луѓе си помагаат меѓусебно да си ги зашијат усните со игли и пластичен конец, пред толпата која аплаудирала и ги бодри. Некои од демонстрантите носеа деца.

Демонстрантите рекоа дека се фрустрирани што морале да чекаат со месеци пред Мексиканскиот институт за миграција (INM) воопшто да ги разгледа нивните барања за виза.

„Мексиканската агенција за имиграција ми закажа термин за три или четири месеци и немам пари да останам толку денови“, рече Венецуелецот Рафаел Хернандез, цитиран од локалните медиуми.
ИНМ изрази загриженост за „изложеноста на самоповредување“ на мигрантите, нарекувајќи ја шиењето на усните „бесмислена акција“, која сигурно ќе му наштети на „физичкиот и психолошкиот интегритет“ на оние кои биле сведоци на овие сцени.

Агенцијата, исто така, ги смета овие дела како обид за „вршење притисок“ врз неа. Таа рече дека нејзината канцеларија во Чиапас продолжила да ги исполнува процедурите за имиграција „со грижа“, давајќи им приоритет на најранливите групи, како што се децата, бремените жени и лицата со посебни потреби.

Минатата година Мексико забележа огромен пораст на бројот на барања за азил: 108.195 од јануари до октомври 2021 година, во споредба со 41.004 во 2020 година и 70.346 во 2019 година.

Поголемиот дел од апликациите – 72%, според бројките од јули на Мексиканската комисија за помош на бегалците – се во државата Чиапас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Акција на МВР, уапсен турски државјанин: Ова…

Полициски службеници од полициската станица за граничен…

Поради картелите САД ќе спроведува специјална воена…

Сенаторот Линдзи Греам во понеделникот рече дека…

Пронајдени 20 мигранти на автопатот Гевгелија-Скопје: Возачот…

На автопатот Гевгелија – Скопје, после клучка…

Сунак пресече: Ќе ги враќа сите мигранти…

Во интервју објавено во весникот „Мејл oн…

47-годишник од Волково пренесувал мигранти

Полициски службеници од Полициското одделение за граничен…