Поранешна шпанска министерка: Сеута беше „хибриден напад“ со цел да се „ослаби“ ЕУ
Масовното влегување на околу 80.000 мигранти од Мароко во шпанската енклава Сеута било „хибриден напад“ врз „надворешната граница на Европската унија“, изјави поранешната шпанска министерка за надворешни работи Аранча Гонзалес Лаја за „Еуроњуз“.
Целта била „миграцијата да се користи како алатка“ за „ослабување“ на Европската унија во момент кога миграцијата е „чувствително општествено прашање“, додаде поранешната министерка.
Потенцијалната улога на Рабат во организирањето на пробивањето на границата се најде во центарот на вниманието откако протечени полициски извештаи сугерираа дека мароканските безбедносни сили можеби одиграле улога во олеснувањето на инцидентот. Сепак, шпанскиот премиер Педро Санчез застана во одбрана на Мароко.
Гонзалес Лаја вели дека верува оти Шпанија и ЕУ мора да имаат „најдобар можен однос со своите соседи“, бидејќи тоа е „добро за стабилноста на Европа“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…
Тело на новороденче пронајдено во замрзнувач во…
Шпанската цивилна гарда истражува откако телото на…
ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…
Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Платформата 12:05 бара државен план за Македонија…
Воведување една изборна единица и отворени кандидатски…