(Видео) Голем пожар во рафинерија во Индија: Високи пламени и густ чад над Висахапатнам
Голем пожар избувна вечерва, 2 ноември, во рафинеријата на „Хиндустан петролеум“ — HPCL — во индискиот град Висахапатнам, во сојузната држава Андра Прадеш. Полициски претставници го потврдиле инцидентот за новинската агенција ПТИ, пренесува „Економик тајмс“.
Според „Декан кроникл“, над комплексот се издигнал густ чад, видлив и од околните населби, а на местото биле испратени повеќе противпожарни возила. Медиумот наведува и информации за звуци на експлозија, но причината за пожарот засега не е утврдена.
„Хиндустан тајмс“ објави дека во гаснењето се вклучиле внатрешните противпожарни екипи на рафинеријата и градските служби. Како мерка на претпазливост, во погодениот дел било прекинато снабдувањето со електрична енергија, а персоналот бил преместен на побезбедни локации. Полицијата го ограничила пристапот до погоденото подрачје.
Рафинеријата во Висахапатнам има капацитет за преработка на 15 милиони метрички тони сурова нафта годишно, според официјалните податоци на HPCL. Во комплексот се произведуваат бензин, дизел, авионско гориво, течен нафтен гас и други нафтени деривати.
Во достапните извештаи засега нема потврдени информации за жртви или повредени, обемот на материјалната штета и евентуалните последици врз производството. Не е потврдено ниту дали пожарот е целосно ставен под контрола.
HUGE INFERNO at HPCL REFINERY in Visakhapatnam, India — towering flames light up SKY
MASSIVE SMOKE PLUME rises above the facility
Refinery processes 15 MILLION METRIC TONNES PER ANNUM https://t.co/2h4cBr4NXf
— RT (@RT_com) November 2, 2026
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Голем пожар во рафинерија во Индија:…
Голем пожар избувна вечерва, 2 ноември, во…
Русија се повлекува од Конвенцијата против тортура
Русија официјално се повлече од Европската конвенција…
Трамп се подготвува за пораз, најавува помилувања…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека е…
ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ: Приведени три лица
Три лица се лишени од слобода во…
ПРЕКИН НА СТРУЈАТА ВО ЦЕНТАРОТ НА ВАШИНГТОН:…
Прекини во снабдувањето со електрична енергија погодија…