Трамп се подготвува за пораз, најавува помилувања за соработниците – вклучително и за Маск
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека е подготвен да издаде превентивни помилувања за своите соработници, со цел да ги заштити од евентуално кривично гонење, доколку демократите ја преземат контролата врз Конгресот по утрешните конгресни избори. Тој, исто така, навести дека ќе го заштити милијардерот Илон Маск, доколку тој стане цел на истраги.
Трамп ги даде овие изјави за време на интервју со новинарката Миранда Девајн за подкастот „Pod Fo ce O e“, кое беше објавено денес, еден ден пред американските избори на средината на мандатот.
На прашањето дали превентивно би ги помилувал поединците кои служеле во неговата администрација, доколку се соочат со закана од кривично гонење, тој одговори: „Би го сторил тоа, доколку е потребно. Секако.“
Кога новинарката продолжи со прашањата, интересирајќи се дали би ја проширил таа заштита на сите свои соработници, Трамп беше уште поодлучен.
„Не би морал ни да размислувам за тоа. Едноставно би го направил тоа“, рече тој.
Во тој контекст, Трамп напомена дека по враќањето во Белата куќа, помилувал околу 1.500 лица поврзани со нападот на американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година.
Тој конкретно се осврна на Илон Маск, сопственикот на „Тесла“ и „Спејс-икс“ (SpaceX), кој за време на вториот мандат на Трамп учествуваше во работата на американската администрација и ја предводеше иницијативата за намалување на државните трошоци, позната како DOGE.
Прашан за можноста демократите да поведат истраги против Маск или да се обидат да му го запленат имотот, Трамп одговори дека таквите муабети, засега, се само зборови.
„Тоа се само празни приказни. Но, ако дојде до тоа, ќе мораме да ги заштитиме“, изјави тој.
Во тој контекст, Трамп ја отфрли можноста за национализација на „Спејс-икс“ – идеја што ја споменаа некои демократски политичари. Тој го спомена и Едвард Користин, млад соработник кој работел на проектот DOGE на Маск.
Во периодот пред изборите, Маск беше еден од најзначајните финансиски поддржувачи на Републиканците. Според „Аксиос“ (Axios), тој потрошил речиси половина милијарда долари за време на овој изборен циклус за политички активности насочени против Демократите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп се подготвува за пораз, најавува помилувања…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека е…
ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ: Приведени три лица
Три лица се лишени од слобода во…
ПРЕКИН НА СТРУЈАТА ВО ЦЕНТАРОТ НА ВАШИНГТОН:…
Прекини во снабдувањето со електрична енергија погодија…
Тројца малолетници претепани од група врсници во…
На 01.11.2026 во СВР Скопје 49-годишна жена…
Американците ги избраа осумте најдобри места на…
Македонија се најде меѓу најатрактивните туристички дестинации…