Објавено на:

(Видео) Двајца загинаа, а уште толку се во критична состојба откако удри гром во близина на Белата куќа

t

Двајца загинаа, а уште две лица се во критична состојба откако гром го погоди плоштадот Лафајет во близина на Белата куќа, изјави претставник на противпожарната служба во Вашингтон.

„Двајца мажи и две жени се повредени и се хоспитализирани и се борат за живот, изјави Вито Маџоло, портпарол на противпожарната служба во Вашингтон.

Плоштадот Лафајет, јавен парк од седум хектари лоциран северно од Белата куќа, често е преполн со посетители, особено во летните месеци. Гром удри во четирите лица во близина на дрвото, кое стои на неколку метри од оградата што ја опкружува претседателската резиденција и канцелариите.

Температурата во Вашингтон вчера беше повеќе од 32,2 степени Целзиусови. Силното невреме со грмотевици го погоди главниот град на САД подоцна во текот на денот. Припадниците на американската тајна служба и полицијата, кои редовно се присутни на плоштадот, веднаш дошле на помош на настраданите, рече Маџоло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

72% од Американците не сакаат Бајден да…

72 отсто од Американците не сакаат Бајден…

Ковачевски им порача на Македонците во САД…

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски синоќа се…

“Да знаат со што си имаат работа”:…

Русија ќе му ја покаже на американскиот…

Доаѓа зима: Америка нема доволно гас за…

Американските производители на нафта и гас нема…

Кирилов: САД признаа дека во Украина се…

Американската делегација во Женева призна дека во…