(Видео) Донесен е Буџетот на Општина Карпош: Вработените и градоначалникот им се заблагодарија на разумните советници, ДПМНЕ продолжува со деструктивност

t

Денеска Советот на Општина Карпош го изгласа Буџетот на Општината за 2024 година. За Буџетот гласаа советниците од редовите на СДС, Левица, ГРОМ и двајца независни советници.

Вработените во Општина Карпош, кои не можеа да земат плати поради негласањето на Буџетот и блокадата од ВМРО-ДПМНЕ, им се заблагодарија на сите советници кои го гласаа Буџетот.

– Голема благодарност од мое лично име и од името на сите вработени во општина Карпош до советниците од СДСМ, Левица, ГРОМ и независните Александар и Невена кои покажаа доблест и го усвоија Буџетот со што ни овозможија да ги поминеме лесно божиќните празници.

Ова е голема победа на администрацијата која со задоволство ќе продолжи да ги извршува своите работни обврски, истакна вработен во Општината.

Градоначалникот Јакимовски исто така им се заблагодари на советниците кои го изгласаа Буџетот и нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ продолжи со деструктивното однесување и на денешната седница, но за среќа надвладеа разумот на останатите советнички групи.

– Сакам да ја известам македонската јавност дека конечно го усвоивме Буџетот на Општина Карпош. Ова беше еден настан без преседан во историјата на лолакната власт на Република Македонија, кадешто советниците од ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да го блокираат донесувањето на Буџетот,а со тоа да го загрозат и функционирањето на Општината како и исплатата на плати на општинската администрација, во градинките и општината. За среќа, надвладеа разумот и огромна благодарност од мене лично, од граѓаните на Карпош, од администрацијата до советниците на СДСМ, Левица, ГРОМ и двајцата независни советници Невена и Алекснадар кои ја видоа сериозноста на проблемот кој се создава со неносење на Буџетот. Од друга страна со жалење можеме да констатираме дека советниците од ВМРО-ДПМНЕ продолжија во својот деструктивен однос, тоа беше демонстрација на еден немоќ, на еден циркуз, тоа беше дерење, се бараше по десет пати збор, во којшто процедурално најмалку 20 пати се бараше, сите да бидеме навредувани.

Замислете, оној кој што дава 4.000 амандмани со по еден денар, тој не бил насилник, ние сме биле насилници што со мнозинство го носиме Буџетот, за жал сценаристот и режисерот Христијан Мицкоски, кој е и жител на Карпош, се обиде да ја блокира Општината во која живее, улогата која му ја даде на глумецот Роберт Вељановски не успеа да ја задржи ниту споредбата улога на овој кастинг. Нема сега многу да глуми таму кадешто треба да глуми, се обидува тука да ни глуми лудило, а сега може да глуми пред Белата палата каде слушам дека ќе држел прес-конференции и нека продолжи со глумата, вели Јакимовски.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Нема да има привилегирани поединци на…

Партијата мора да ги штити членовите и…

(Видео) Петровска: Ќе го вратите името или…

Повеќе министерства а помалку жени, кадри на…

Ковачки: Следи целосна трансформација, ресетирање на системот…

Македонија е пред нов почеток, пред нова…

Талески: ВМРО-ДПМНЕ ги излажа граѓаните, нема поништување…

Ова е еден вид изборна измама, ВМРО-ДПМНЕ…

Талевски: ВМРО-ДПМНЕ ја направи најголемата изборна измама…

Пратеникот од редовите на СДСМ, Миле Талевски…