(Видео) Ердоган лично го возеше брзиот воз, Кос го праша дали знае да управува и со хеликоптер
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја отвори новата делница Черкејќој–Капикуле од брзата железничка линија Халкали–Капикуле, со која Турција ја продолжува железничката мрежа кон бугарската граница и Европа.
Станува збор за делница долга 153 километри, наменета и за патнички и за товарен сообраќај. По целосното завршување на проектот, патувањето меѓу Истанбул и Капикуле треба значително да се скрати.
На церемонијата присуствуваше и европската комесарка за проширување Марта Кос, на која Ердоган јавно ѝ се заблагодари за присуството.
„Би сакал да ѝ се заблагодарам на Марта Кос, комесарка на Европската Унија за проширување, што го сподели нашето возбудување“, рече Ердоган.
Тој порача дека новата железничка врска ќе има стратешко значење за турската економија и за транспортното поврзување со Европа.
„Оваа линија ќе биде артерија што ќе го поврзува производството во Анадолија со европските пазари и столб што ќе го забрзува остварувањето на извозните цели на Турција“, изјави Ердоган.
Според најавите, линијата треба да придонесе и за поголем обем на трговија, туризам и железнички транспорт меѓу Турција и европските земји.
По церемонијата, Ердоган седна на управувачкото место и лично го возеше брзиот воз на делницата меѓу Бабаески и Лулебургаз. До него во кабината беше и Марта Кос.
Во еден момент од возењето, Кос директно го праша Ердоган дали знае да управува и со хеликоптер.
„Знаете ли да управувате со хеликоптер?“, го праша Кос.
„Yes“, кратко одговори Ердоган на англиски, по што присутните во кабината се насмеаја.
Во друг момент, додека возот се движеше со поголема брзина, Кос рече дека не се плаши, на што Ердоган ѝ одговори: „Кога сме ние тука, не плашете се“.
Cumhurbaşkanı Erdoğan, Çerkezköy-Kapıkule Hızlı Tren Hattı’nda ilk test sürüşünü yaptı.
— Erdoğan, Babaeski’den Lüleburgaz’a kadar treni kullandı.
— Sürüşte Erdoğan’a Avrupa Komisyonu Üyesi Marta Kos eşlik etti.
Kos: "Helikopter de kullanabiliyor musunuz?"
Cumhurbaşkanı Erdoğan: "Yes."
— BPT (@bpthaber) October 9, 2026
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Ердоган лично го возеше брзиот воз,…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја отвори…
(Видео) Тензично кај „Краста“: Димитриевски во жестока…
Тензична е состојбата на блокадата на пристапниот…
(Фото) Сообраќајка пред влезот на Клиничкиот центар…
До нашата редакција пристигнаа фотографии од сообраќајна…
Рудниците ги полнат локалните буџети: Речиси една…
Рударските општини во Македонија располагаат со сè…
Велес со нов рекорд: Направена пита долга…
Со сечење на џиновска пита долга 4,4…