Велес со нов рекорд: Направена пита долга 4,4 метри и тешка 90 килограми

t

Со сечење на џиновска пита долга 4,4 метри и тешка 90 килограми, синоќа во Велес започна традиционалната манифестација „Питијада 2026“.

Рекордната пита ја подготвил тимот на фурната „Гемиџии“, под надзор на шефот Горан Богоевски. За подготовката биле потребни седум часа, а употребени биле 28 килограми тесто, 45 килограми месо и дури 370 јајца.

„Велес постави нов рекорд – вештите раце на пита-мајсторите подготвија џиновска пита во должина од 4 метри и 40 сантиметри“, соопштија од Општина Велес.

Во подготовката учествувал поголем тим мајстори, меѓу кои Ангел Костов, Зоранчо Илиевски, Лазе Коцевски, Благојче Николов, Паскал Јамалов, Кристина Маневска, Веле Глигоров и Никола Лазаревски, заедно со Александар Јамалов и најмладите членови Георгиј и Калина.

Годинашната „Питијада“ има и хуманитарен карактер. Во соработка со Црвениот крст – Велес, средствата собрани од продажбата на питата ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Манифестацијата продолжува и во наредните денови со гастрономска и забавна програма, а од Општината ги повикаа граѓаните и посетителите да бидат дел од настанот.

„Забавата продолжува, ве очекуваме на вкус што раскажува традиција!“, порачаа од Општина Велес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Горат магацини кај Бит-пазар, пожарникарите со сите…

Голем пожар избувна доцна попладнево во близина…

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета…

Иран демантира средба меѓу Резаи и Венс…

Иран ги отфрли извештаите дека секретарот на…

Франција го обвини Иран за сајбернапад врз…

Франција ја обвини иранската Револуционерна гарда за…

Касами ги викна оџата и владиката, ќе…

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, денеска се…