Објавено на:

(Видео) Земјотрес од 5,9 степени ја погоди Јапонија, најмалку 37 повредени

t

Земјотрес со магнитуда од 5,9 степени го погоди источниот дел на Јапонија рано утрово, а силно се почувствувал и во Токио. Најмалку 37 лица се повредени, главно полесно, додека засега нема опасност од цунами. Според Јапонската метеоролошка агенција, епицентарот бил во јужниот дел на префектурата Ибараки, на длабочина од околу 70 километри. Американскиот геолошки институт (USGS) ја проценил магнитудата на 5,8 степени.

Најмногу повредени има во Токио – 15, потоа во Саитама девет, Канагава осум, Чиба четири и Ибараки едно лице. Повеќето повредени паднале од кревет или се удриле во мебел и врати, бидејќи земјотресот ги разбудил додека спиеле. Во Јокохама, жена во осумдесеттите години паднала од кревет и се здобила со тешка повреда на колкот.

Вознемирен Токио, има и материјална штета

Потресот предизвикал доцнења на брзите и локалните возови во регионот на Токио, додека шинкансен возовите сообраќале нормално. Во токиската населба Кото пукнала подземна водоводна цевка, поради што водата се излеала на улица. Дефектот подоцна бил саниран.

Јапонската влада формирала кризен штаб за проценка на последиците, а метеоролошката агенција ги предупреди жителите да бидат внимателни поради можноста од нов, умерен земјотрес во текот на следната недела. Засега нема пријавени проблеми во нуклеарните централи и другите постројки со нуклеарни материјали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија ќе ја обнови оштетената заштитна конструкција…

Оштетената заштитна конструкција над уништениот реактор во…

Ангелов: Избегната катастрофа во прилепско Бонче, пожарот…

Катастрофа била избегната во прилепското село Бонче,…

ВМРО-ДПМНЕ: Воведени се нови 28 дестинации од…

Со новите авиолинии Македонија станува полесно достапна…

(Видео) ФФМ: Недозволиво е да има закани,…

На натпреварот од четвртото коло на Првата…

Јужнокорејски брод ја тестира арктичката поморска рута…

Јужнокорејски трговски брод натоварен со контејнери синоќа…