Јужнокорејски брод ја тестира арктичката поморска рута до Европа
Јужнокорејски трговски брод натоварен со контејнери синоќа исплови кон Европа преку Арктикот, како проба за проверка на комерцијалната исплатливост на таа поморска рута.
Бродот „PanStar Acro“ синоќа го напуштил југоисточниот пристанишен град Бусан. Се очекува околу 30 август да влезе на Северниот поморски пат, а околу 7 септември да помине низ арктичките води, соопшти јужнокорејското Министерство за океани и рибарство.
Дестинација на бродот се Велика Британија, Холандија и Полска.
Патувањето се очекува да трае околу 45 дена, што би било значително побрзо од традиционалната рута кон Европа преку Индискиот Океан, Црвеното Море и Суецкиот Канал.
За време на патувањето екипажот ќе собира податоци за времетраењето на пловидбата, потрошувачката на гориво и оперативните трошоци. Целта на Сеул е арктичкиот премин да го воспостави како нова трговска рута и Бусан да го развие во меѓународен логистички центар.
Глобалната потрага по алтернативни трговски рути се интензивираше по почетокот на војната во Иран и значителното ограничување на пловидбата низ Ормуската Теснина.
Еколошките организации предупредија дека зголемената пловидба по северната рута би можела да го забрза топењето на поларниот мраз и да ги наруши чувствителните арктички еко-системи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…