Објавено на:

(Видео) Иран објави снимка од Хамнеи по шпекулациите за неговото здравје

t

Иранската агенција „Мехр“ објави нова снимка на врховниот лидер на Иран, Модџтаба Хамнеи, во момент кога сè погласни се шпекулациите за неговата здравствена состојба. Сепак, не е познато кога и каде е направена снимката.

На краткото видео, кое „Мехр“ го објави на „Телеграм“ и на својата официјална веб-страница, Хамнеи разговара со група луѓе. Агенцијата не соопшти кога и каде е направена снимката, ниту пак ги идентификуваше лицата кои се појавуваат со него.

Снимката е објавена откако во медиумите и на социјалните мрежи се појавија тврдења дека Хамнеи бил хоспитализиран и дека неговата здравствена состојба е сериозна. Овие тврдења засега немаат независна потврда.

Фактот што Хамнеи не се појавил во јавноста откако беше избран за врховен лидер во март годинава, дополнително го привлече вниманието кон новата снимка.

Дел од иранските профили на социјалните мрежи тврдат дека видеото не е ново и дека потекнува од негови претходни предавања во Ком. Како аргумент го наведуваат фактот што иранските медиуми не објавиле датум или локација на снимањето.

Во меѓувреме, некои коментатори сметаат дека објавувањето на стар материјал би можело да биде обид на иранските власти да ги намалат шпекулациите за здравствената состојба на врховниот лидер. Сепак, ниту за ова нема независна потврда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарец се обиде во две торби да…

Спречен обид за нелегално внесување на непријавени…

Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга

Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…

Разговарале Путин и саудискиот престолонаследник

Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговараше со…

Криминална шема во Грција: Измамници со фиктивни…

Криминална организација во Грција, преку фиктивни компании…

Изгоре куќа во Валандовско, во една од…

Пожар вчера избувнал во куќа во валандовското…