Објавено на:

(Видео) Кадиров: Чеченските борци го чистат индистрискиот комплекс, едвај се стигнува до нацистите, но ќе ги извлечеме сите

t

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, објави дека во Мариупол продолжуваат акциите за чистење на објектите во индустриската зона.

На својот Телеграм канал, Кадиров објави видео од чеченските борци, кои зазеле една индустриска хала, во која се запленети и три украински бирбени возила, како и муниција.

Во ова видео е еден од најголемите индустриски капацитети во ДНР, кој нацистите на Бандера го користеа како една од нивните многубројни бази.

Воините од Чеченија, како бестрашни волци, го чешлаат секој дел од некогаш моќната фабрика, која Азовските духови ја претворија во пристојна тврдина. ⠀

Но, бандитите не земаа предвид една околност – колку е потешка борбената мисија за нашите борци, толку беа поинтензивни нивните напади и попромислените борбените дејствија.

Така, и овојпат војниците од Чеченската Република, заедно со припадници на воените сили на моќ на ДНР, одлично си ја завршија работата.

Нацистите немаат шанса. Едвај се стигнува до нив, но во ред е, сепак, ќе ги извлечеме сите – порачува Кадиров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Тетово двојно ги зголеми даноците на…

Зголемувањето на даноците на имот од страна…

Директна закана од Израел: „Брзо да го…

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

Израел објави, 19 повредени во нападот на…

Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…