Објавено на:

(Видео) Кола удри репортерка дур известуваше во живо, стана и продолжи

t

Гледачите на телевизија во Западна Вирџинија се исплашиле додека ги гледале вестите, кога ја виделе репортерката Тори Јорги како била удрена од автомобил додека била во живо на програмата.

Новинарката разговарала со водителот Тим ​​Ајра за временската прогноза и ситуацијата на патиштата, кога ненадејно во неа удрил автомобил.

„Само што ме удри автомобил, но добро сум“, му рекла на водителот кој бил изненаден.

Тимот подоцна објасни на Твитер дека таа така реагирал затоа што ја слушнал само аудио снимката.

Така е кога се снима во живо, се испадна добро“, напиша тој.

Она што многумина ги изненади е фактот што Тори не и е првпат да ја удри во автомобил, како и нејзината реакција по инцидентот откако ја пофали жената зад воланот, пренесува Huffington Post.

– Таа жена беше многу фина. Таа не сакаше да се случи ова, ова беше несреќа, знам дека е. Добро сум и се е во ред – рече таа.

Потоа новинарката своето обраќање во програмата го заврши со извештај за временската прогноза, според планираното.

Водачот Тим ​​рече дека Тори веднаш била пренесена во брзата помош.

– Ова беше страшен момент за неа. Таа е млада, но е голем професионалец – рече тој.

Ова беше последната недела на Тори на истото работно место, бидејќи од 1 февруари работи за телевизијата ABC во Питсбург.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија во Турција: Тројца загинати во хеликоптерска…

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во…

Продолжи судењето за Ласкарци

Со испитување на вештакот Љупчо Постолов, дел…

(Фото) Шокантни слики: Како се случи сообраќајната…

Шокантни се сликите од сообраќајната несреќа на…

Автомобил удри во електричен тротинет кај Бит…

Сообраќајна несреќа се случи кај Бит пазар.…

Автомобил изгоре ноќеска кај Бит-пазар

Автомобил, сопственост на жител на Скопје, вчеравечер…