(Видео) Колона без крај: Руската војска влегува во Харков
Руската армија утринава го гранатираше Харков, втор по големина град во Украина. Украинците обвинуваат дека се употребува тешко вооружување против цивили.
„Изутринава беше нападнат централниот плоштад во нашиот град и седиштето на управата на Харков“, изјави гувернерот на тој регион, Олег Синегубов во видео на Телеграм. Тој објави снимки од експлозијата и додаде: „Руските окупатори и натаму употребуваат тешко вооружување против цивилното население.“ Синегубов ја обвини Русија за воени злосторства.
Според руската страна во центарот на Харков се наоѓало седиштето на нацистичкиот батаљон Азов и токму нивното седиште било мета на нападот.
Сега украинските жители кои го напуштаат градот објавија видео од руска колона на воена опрема која „нема крај“.
Погледнете како изгледа ситуацијата во Харков пред малку.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МПЦ-ОА со сочувство за бомбашкиот напад на…
Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати…
Техеран: Русија и Кина зборуваат, но не…
Додека Блискиот Исток повторно се доближува до…
Затворен е воздушниот простор над Обединети Арапски…
Воздушниот простор на Обединетите Арапски Емирати моментално…
Иран ги напаѓа американските воени бази во…
Ал Џезира, радиодифузерот со седиште во Катар,…
Макрон вели американските напади на Иран се…
Францускиот претседател Емануел Макрон вели дека немало…