(Видео) Кривични за двајца полицајци: Барале поткуп, ама ги фатија живи!
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Д.С., Ф.Ѓ. и Д.Ј., полициски службеници во Полициска станица Центар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп” по член 357 став 1 од Кривичниот законик.
Тие се сомничат дека на 04.07.2024 околу 23.00 часот на ул.„Даме Груев” во Скопје, при вршење службени задачи побарале и примиле подарок за себе за да не извршат службено дејствие, односно да не констатираат сообраќаен прекршок и на тој начин го нарушиле угледот на Министерството за внатрешни работи.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полициските службеници ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен е 28-годишник од Косово, се обидел…
МВР информира дека синоќа во 21.10 часот…
Приведен косовски државјанин поради нудење поткуп
Денеска (04.10.2024) околу 10.15 часот на Граничен…
ГЛУМЕЛЕ ПОЛИЦИЈА СО РОТАЦИИ, ЗАСТАНАЛЕ ЗАТВОРСКИ ПОЛИЦАЕЦ…
Страшен настан го потресе Скопје, но не…
(Видео) Пијан полицаец направи хаос во Варшава
Маж, за кој подоцна беше утврдено дека…
(Видео) Кривични за двајца полицајци: Барале поткуп,…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…