(Видео) Крмов до Џафери: Плукате по македонскиот Устав и народ
Плукате по македонскиот Устав и народ, истакна во процедурално обраќање кон Талат Џафери пратеникот на Левица, Борислав Крмов на денешната седница на Собранието на Република Македонија.
– „Зборуваме за национализацијата на ЕВН – враќање во доминантно сопствеништво на државата.
Ние имавме три иницијативи за референдум. За две, Вие се поставивте како да сте уставен судија и ги отфрливте, а последната, третата, дозволивте да биде ставена на дневен ред (како тоа да е Ваш ексклузивитет), а расправата не е отворена. Со тоа е прекршен Уставот – ние да немаме право на референдум.
Вие ќе ја изгласате точкава ПРОТИВ, ќе има расправа и толку, но ние ни тоа не го добиваме.
Предлагачот на точката, кој е повикан во Собранието на седницата, на пет минути пред почетокот, службите му велат да си оди. Точката не се отвори, за што образложија не ја отвараат бидејќи предлагачот не е тука.
За денешната расправа, предлагачот не е ни повикан. Манипулирате со луѓето – ги повикувате, ги бркате, а потоа обвинувате дека не ја отворате точката бидејќи предлагачот не е тука. Тоа е многу ниско – плукате по Уставот, законите и по македонскиот народ.
#ЛевицаОдПарламент – напишаа од Левица на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…