(Видео) Македонската економија ќе биде во првите пет во Европа, продолжуваме со рекорди – Мицкоски контра Николоски

t

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска во одговор на прашање на Инфомакс рече дека очекува решение за проблемот со транспортерите. Според него има неколку можни решенија и очекува дека до февруари овој проблем ќе биде надминат.

– Овој проблем со транспортерите е еден од многуте наследени проблеми од порано, важно е дека имавме здружена дипломатска офанзива со соседните земји, важно е дека е препознаен проблемот, има неколку можни решенија и очекувам да се катализира решение со кое ќе се надмине овој проблем. Но, тука не застануваат проблемите. Следно е квотите за челикот, проблемите се тука и ќе се решаваат. Мора да се надмине овој проблем со транспортерите, мислам дека се наѕира решение, одговори Мицкоски.

Премиерот не смета дека ќе има колапс на македонската економија, како што претходно изјави вице-премиерот Николоски, напротив, според Мицкоски македонската економија ќе биде во првите пет во Европа и ќе се продолжи со рекордите кои се постигнати во 2024 и 2025 година.

– Изјавата на вицепремиерот беше повеќе во насока дека ќе бидат блокирани граничните премини и дека ќе нема трговска размена помеѓу земјите, тоа повеќе ќе имплицираше и кон нашиот јужен сосед, во Хрватска Владата реагираше и тоа беше пречекано од страна на опозицијата на нож, веднаш беше и спинувано. Инаку граѓаните и бизнисот да не се грижат, успеавме да обезбедиме на меѓународен пазар доволно средства за да ги вратиме долговите на претходната Влада и со остатокот да имаме доволно средства за развој и македонската економија повторно да биде една од првите во регионот и во првите пет во Европа. Економијата продолжува да расте и јас очекувам, покрај рекордите што ги имавме во 2024 и 2025 година, тој тренд да продолжи и во 2026 година, истакна Мицкоски.

Целата изјава погледнете ја во продолжение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Македонската економија ќе биде во првите…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска во…

(Во живо) Пешевски: Генерален штрајк во приватен…

Секој ден ќе бидеме пред Влада додека…

(Видео) Дали економијата е пред колапс, ќе…

Изјавата дека економијата е пред колапс е…

Македонија има ББ- кредитен рејтинг според „Стандард…

„РС Македонија доби потврда за спроведувањето на…

(ВИДЕО) Добредојде за сите, освен за Инфомакс:…

ПР тимот на Титан Усје им посака…