Македонија има ББ- кредитен рејтинг според „Стандард и Пурс“

t

„РС Македонија доби потврда за спроведувањето на економските политики од меѓународната кредитна агенција „Стандард и Пурс”, која го задржа кредитниот рејтинг на земјата на нивото ‘BB– со стабилни изгледи.

Потврдата на рејтингот претставува јасен сигнал за стабилноста на макроекономската политика, умереното ниво на јавниот долг и способноста на државата навремено и континуирано да ги сервисира своите финансиски обврски, како и да обезбеди континуитет во водењето на економските политики, дури и во услови на зголемена глобална економска неизвесност“, соопштија од Министерството за финансии.

Во извештајот, „Стандард и Пурс” нотира дека економскиот раст забрзува, поддржан од засилените јавни инвестиции, особено во рамки на големите инфраструктурни проекти, како и од растот на приходите на домаќинствата преку зголемување на платите и пензиите.

„Агенцијата очекува економскиот раст да достигне околу 3,5% во 2026 година, додека на среден рок растот ќе се стабилизира околу 3%, со постепено зголемување на улогата на приватните инвестиции и надворешната побарувачка. Агенцијата ја нотира и определбата на Владата за забрзување на економскиот раст преку реализација на крупни инфраструктурни проекти, како и заложбите за зајакнување на институционалните капацитети, подобрување на деловното опкружување, поефикасна наплата на јавните приходи и намалување на сивата економија“, додаваат од ресорот. 

Во извештајот се наведува дека политиките се насочени кон поддршка на домашната побарувачка, преку раст на платите и пензиите, како и продолжување на фискалната консолидација.

Со усвоениот Буџет за 2026 година како што е наведено  во извештајот се предвидува умерено намалување на буџетскиот дефицит, кој е проектиран на 3,5% од БДП, при задржување на високо ниво на капитални инвестиции. Приходите се очекува да растат побрзо од расходите, како резултат на подобрена наплата и солидна економска активност, додека расходната страна останува ориентирана кон капитални инвестиции во инфраструктурата, како и плати, пензии и социјални трансфери.

„Агенцијата оценува дека фискалната консолидација е во тек, иако јавниот долг останува повисок во споредба со периодот пред пандемијата.
„Стандард и Пурс” во извештајот наведува дека надолните ризици поврзани со надворешното опкружување, особено економските движења во Европската унија, се во голема мера избалансирани со отпорноста на домашната економија, стабилноста на финансискиот систем и претпазливиот пристап на монетарната политика.

Агенцијата во извештајот исто така нотира дека понатамошниот напредок во спроведувањето на институционалните и структурните реформи, особено во делот на владеењето на правото и борбата против корупцијата, може дополнително да ја зајакне економската и фискалната позиција на земјата и да придонесе за подобрување на кредитниот профил.

Кредитниот рејтинг на земјата се оценува двапати годишно од страна на „Стандард и Пурс„ како и од агенцијата  „Фич”. Тој претставува клучен индикатор за инвеститорите при носењето одлуки за инвестирање, а го покажува степенот на ризик од инвестирање“, потенцираат од МФ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Во Хрватска е уапсен е градежен работник…

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…

360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…

Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…

Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…

Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…

Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…

Се обидуваме да ја развиваме државата, да…