(Видео) МАСОВНА ТЕПАЧКА во албанскиот парламент

t

За време на денешната седница албанскиот парламент беше место на сериозни тензии и физички конфликт меѓу претставниците на мнозинството и опозицијата, по што настана општ хаос меѓу пратениците.

Според албанските медиуми, за време на гласањето по една точка од седницата пратеникот на Демократската партија (ДП), Фламур Нока, се упати кон делот од салата каде што седи мнозинството за да ги земе своите картички за гласање, а во таа акција му се придружиле и други пратеници.

Ситуацијата набрзо ескалираше кога пратеникот на Демократската партија, Фидел Крека, го удри ливчето за гласање, а потоа го турна поранешниот министер за внатрешни работи Ервин Хоџа. Овој потег предизвика физичка пресметка меѓу двајцата.

Другите пратеници веднаш интервенираа во конфликтот, и од мнозинството и од опозицијата, што доведе до масовна тепачка во собраниската сала.

Тензиите за време на седницата се претворија во физичка пресметка меѓу пратениците, претворајќи ја парламентарната дискусија во сцени на хаос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) МАСОВНА ТЕПАЧКА во албанскиот парламент

За време на денешната седница албанскиот парламент…

Молотови коктели кон кабинетот на Рама, пожар…

Демонстрантите во Тирана фрлаа молотови коктели кон…

Еди Рама: Никој не може да ме…

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека…

(Видео) „Војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите…

Илјадници млади Албанци денеска излегоа на улиците…

И неговите се свртеа против Еди Рама…

Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…