(Видео) Намален бројот на санкции за возачите
Во текот на вчерашниот ден (21.02.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 266 возачи. Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 157 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 109 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки,…
Министерството за внатрешни работи денеска упати апел…
60 пијани возачи се казнети за само…
Сообраќајната полиција синоќа за само шест часа,…
(Видео) Вработени во ЕВН со хебла кршат…
До редакцијата на Инфомакс пристигна видео од…
МВР воведува брзи тестови за дрога, еден…
Кокаин, амфетамин, метамфетамин, опијати (морфин, хероин), екстази…
МВР: Лишени од слобода 22 возачи за…
Во текот на изминатото деноноќие на целата…