(Видео) Нова провокација од Бугарија: Костадинов поднесе иницијатива македонскиот јазик да стане дијалект
Пратеникот и лидер на бугарската партија „Преродба“ Костадин Костадинов денеска во бугарскиот парламент поднесе иницијатива со која, според неговиот предлог, македонскиот јазик би бил третиран како бугарски дијалект.
Ова не е првпат Костадинов од парламентарната говорница да ги застапува ваквите ставови. Во свои претходни настапи тој отворено тврдеше дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик и дека македонските говори се дел од бугарското јазично подрачје.
„Преродба“ е бугарска националистичка и евроскептична партија предводена. Таа е парламентарна партија, но не е дел од власта.
„Преродба“ дејствува како опозиција и остро се противи на евроатлантската политика на Софија, на воведувањето на еврото и на воената поддршка за Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Над 1.400 прекршоци за 10 дена во…
Системот „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Дебар…
Иранскиот претседател Пезешкијан ги обвини САД за…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги обвини САД…
Протести во Чешка поради промени во финансирањето…
Неколку десетици демонстранти се обидоа насилно да…
Ескалираа протестите во Тирана: Демонстранти фрлаа камења,…
Масовните антивладини протести во албанската престолнина денеска…
„Италија надвор од војната“: Стотици демонстранти маршираат…
Протестен марш под слоганот „Италија надвор од…