(Видео) Нова провокација од Бугарија: Костадинов поднесе иницијатива македонскиот јазик да стане дијалект

t

Пратеникот и лидер на бугарската партија „Преродба“ Костадин Костадинов денеска во бугарскиот парламент поднесе иницијатива со која, според неговиот предлог, македонскиот јазик би бил третиран како бугарски дијалект.

Ова не е првпат Костадинов од парламентарната говорница да ги застапува ваквите ставови. Во свои претходни настапи тој отворено тврдеше дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик и дека македонските говори се дел од бугарското јазично подрачје.

„Преродба“ е бугарска националистичка и евроскептична партија предводена. Таа е парламентарна партија, но не е дел од власта.

„Преродба“ дејствува како опозиција и остро се противи на евроатлантската политика на Софија, на воведувањето на еврото и на воената поддршка за Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите…

Воведувањето санкции против Меѓународниот кривичен суд како…

Дронови и мистериозни балони на небото над…

Москва наводно била цел на напади со…

Дипломатски судир меѓу САД и Европа: Вашингтон…

Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции против…

Финансиски аларм во Америка: Приносите на државните…

Американскиот пазар на државни обврзници испраќа сериозни…