(Видео) Ноќна битка со огнот во кавадаречкиот регион

t

Огнената стихија во што го зафати кавадаречкиот регион се уште не стивнува, а пожарникарите ќе го гаснат и во текот на ноќта, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Огнот зафатил претежно нискостеблеста вегетација, а силниот пламен што повремено се појавува е резултат на согорувањето на голем број ниски смреки.

Ангелов истакна дека кавадаречките пожарникари ќе продолжат со интервенцијата и во текот на ноќта, во обид да го спречат понатамошното ширење на огнената стихија.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, е на терен и заедно со Ангелов одблиску ги координира активностите за справување со пожарот.

Али апелира до сите граѓани да покажат максимална внимателност и да избегнуваат какви било активности што можат да предизвикаат пожар, бидејќи високите температури и ветерот придонесуваат за негово брзо ширење.

Во акцијата за гаснење е вклучен и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој е на терен заедно со пожарникарите.

– Во гаснењето учествуваат четири „пинцгауери“, два „унимога“, камион на Шумското стопанство, два џипа и два авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, а од 18:00 часот во акцијата ќе се вклучат и два хеликоптери на Министерството за внатрешни работи и Армијата – објави на Фејсбук градоначалникот Јанчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ноќна битка со огнот во кавадаречкиот…

Огнената стихија во што го зафати кавадаречкиот…

Само шест проценти од Британците доброволно би…

Политичарите, особено во најголемите држави во Европа…

„Не верувам дека некогаш ќе станеме членка…

Амбасадорот на Украина во Обединетото Кралство и…

Расветлено насилството во Гостивар, следува соодветна пријава

Идентификувани се лицата инволвирани во насилниот настан…

Димитриевски: Додека други нарачуваат анкети, единствено ЗНАМ…

Претседателот на Движење ЗНАМ – За Наша…