Објавено на:

Само шест проценти од Британците доброволно би се пријавиле да ја бранат земјата доколку има војна

t

Политичарите, особено во најголемите држави во Европа како Велика Британија, Германија, Полска, Франција… најавуваат војни, враќање на редовното служење воен рок за младите, отварање на моќни фабрики за оружје трошејќи десетици милијарди евра за нив додека се случува силна енергетска и економска криза низ Европа и се затвораат фабриките од авто индустријата, металургијата, електроникта…

Но, поготвеноста на јавноста за скора војна (германските генерали даваат и датум – за најмногу 4 години) е во спротивност со амбициите на генералите и некои од важните политичари.

Пред неколку месеци голем анкета во Германија покажа дека помалку од 23% од населението е подготвено за војна или би ја поддржало, а над половина се – против војната.

Сега е објавена анкета што мислат во Британија на ситата тема.

Само шест проценти од Британците би се пријавиле доброволно да ја бранат земјата во случај на напад

Истражувањето на агенцијата „YouGov“ покажа:

– Само 6% од Британците би се пријавиле доброволно да се приклучат на војската доколку Велика Британија биде нападната.

– 52% веруваат дека не се способни за борба поради нивната возраст или здравствена состојба.

– 14% би служеле доколку бидат повикани, додека 17% би одбиле учество во вооружен конфликт.

– Повеќе од половина од испитаниците не веруваат дека војската може да ја гарантира безбедноста на земјата во случај на агресија.

– 57% веруваат дека британската влада издвојува премалку средства за одбрана.

Истражувањето е спроведено на примерок од околу 2.300 испитаници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен: Русија се обидува да…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Се бара укинување на ветото во ЕУ,…

11 земји членки на Европската Унија побарале…

Кипар со најголем пад на туризмот во…

Бројот на ноќевања во туристички сместувачки капацитети…

Уапсен 51-годишник од Тетовско, пијан ги нападнал…

Полицијата уапсила 51-годишен маж од тетовско село,…