(Видео) Ноќна битка со огнот во кавадаречкиот регион
Огнената стихија во што го зафати кавадаречкиот регион се уште не стивнува, а пожарникарите ќе го гаснат и во текот на ноќта, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Огнот зафатил претежно нискостеблеста вегетација, а силниот пламен што повремено се појавува е резултат на согорувањето на голем број ниски смреки.
Ангелов истакна дека кавадаречките пожарникари ќе продолжат со интервенцијата и во текот на ноќта, во обид да го спречат понатамошното ширење на огнената стихија.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, е на терен и заедно со Ангелов одблиску ги координира активностите за справување со пожарот.
Али апелира до сите граѓани да покажат максимална внимателност и да избегнуваат какви било активности што можат да предизвикаат пожар, бидејќи високите температури и ветерот придонесуваат за негово брзо ширење.
Во акцијата за гаснење е вклучен и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој е на терен заедно со пожарникарите.
– Во гаснењето учествуваат четири „пинцгауери“, два „унимога“, камион на Шумското стопанство, два џипа и два авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, а од 18:00 часот во акцијата ќе се вклучат и два хеликоптери на Министерството за внатрешни работи и Армијата – објави на Фејсбук градоначалникот Јанчев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на…
Со цел споменот на 63-те загинати во…
Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…
Секој кој ќе ги исполни условите може…
Продолжува потрагата по 27-годишниот Шемо Шабани од…
Речиси еден месец нема трага од 27-годишниот…
Египет стави исламско здружение од Македонија на…
Македонско исламско здружение се најде на списокот…
Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во…
Поранешниот министер за економија и поранешен директор…