(Видео) Ова е првата изјава на Ковачевски откако го доби мандатот – Имаше и отpoвна стpeла за неговиот претходник

t

Попладнево во Вилата Водно, претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски му го додели мандатот за состав на Владата на новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Во својот говор тој напомена дека ќе ја враќа пополека довербата во институциите што може да се протолкува како отровна стрела за неговиот претходни, екс-премиерот Зоран Заев.


-За мене претставува голема чест и одговорност доделениот мандат од претседателот Стево Пендаровски да ја формирам новата Влада. Од денес започнувам со формирање на новиот тим луѓе кои треба да одговорат на сериозни предизвици, кои не чекаат веќе од почетокот на следната година.

Тој напомена дека живееме во турбулентни времиња, времиња на кризи и неизвесности, а истите бараат стабилни, одговорни и храбри луѓе.

-Новата влада ќе има јасна цел, обезбедување сигурност, подобар живот и светла иднина за нашите граѓани. За тоа е потребно ефикасно, чесно и одговорно владеење што ќе биде одлука на тимот кој јас како мандатар ќе го составам, порача Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски се мајтапи со Таче: Да се…

Да можеше водење на држава да се…

(Видео)Дали институциите го прикриваат братот на шефот…

"Полицијата на Оливер Спасовски спроведува акција за…

(Видео)Средба Ковачевски-Петков во “искрена и отворена” атмосфера

"Премиерот Димитар Ковачевски и премиерот Кирил Петков…

Ковачевски патува за Софија

Заедничка седница на владите на Македонија и…

ВМРО-ДПМНЕ ќе го пpeгази СДCM: Мицкоски со…

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС)…