Објавено на:

(Видео) Омилениот новинар на Путин, Солвјев среде емисија извади воен трофеј од Украина

t

Омилениот новинар на Кремљ и рускиот претседател Владимир Путин среде емисија извади воен трофеј од Украина, британско противтенковско оружје NlaW кое во илјадници парчиња беше испратено од Велика Британија како воена помош за Владимир Зеленски.

На видеото тој ја прекина емисијата Владимир Солвјев за да се пофали со воениот трофеј заробен од украинската армија од страна на руските војници во Украина.

Неодамна руската тајна служба ФСБ објави дека е уапсена група „неонацисти“ кои подготвувале обид за атентат врз познатиот телевизиски водител.

Злосторството наводно било подготвено по налог на украинската безбедносна служба СБУ. Уапсените, според ФСБ, припаѓаат на „неонацистичката терористичка организација ‘Националсоцијализам/Бела моќ’“, која е наведена како терористичка организација и е забранета во Русија.

РИА Новости објави дека на уапсените им биле конфискувани рачно изработени експлозиви, осум молотови коктели, шест пиштоли „макаров“, ловечка пушка, граната РГД-5, повеќе од илјада парчиња муниција од различен калибар, дрога, лажни украински пасоши со фотографии на членови на групата, националистичка литература и реквизити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Тетово двојно ги зголеми даноците на…

Зголемувањето на даноците на имот од страна…

Директна закана од Израел: „Брзо да го…

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

Израел објави, 19 повредени во нападот на…

Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…