(Видео) Папата Франциск до Абазовиќ: И јас сум од Црногорец

t

Вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, кој престојува во Ватикан, денеска се сретна со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, кому му испрати покана да ја посети Црна Гора.

Абазовиќ на Твитер напиша дека го поканил папата да ја посети Црна Гора и на тој начин да го исполни аманетот на Емили Огњановиќ, духовниот отец на папата од Аргентина, која по потекло е од Црна Гора.

Папата, напиша Абазовиќ, одговори: „И јас сум Црногорец“.

Тој додаде дека му е мило што се сретнал со папата во Ватикан, каде што е во дводневна посета и ќе има неколку одвоени средби, меѓу кои и со Католичката заедница во Сан Егидио.

Според Владата, посетата на Абазовиќ на Ватикан е показател за продолжување на дијалогот со Ватикан, кој Црна Гора континуирано го негува врз принципите на меѓусебно почитување, толеранција и разбирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Етна повторно еруптираше, затворен аеродромот во Катанија

Вулканот Етна еруптираше во текот на ноќта,…

Кривична пријава за поранешен директор: Обвинет е…

Одделот за криминалистичка полиција, Секторот за економски…

Трамп вети дека ќе ја елиминира инфлацијата…

Доналд Трамп претстави широка економска агенда која…

Османи бара отворање на мостот на Ибар:…

Косовската претседателка Вјоса Османи денеска изјави дека…

Во Пехчево се собираат пари за ново…

Во Пехчево започна акција за прибирање средства…