(Видео) Папата Франциск до Абазовиќ: И јас сум од Црногорец

t

Вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, кој престојува во Ватикан, денеска се сретна со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, кому му испрати покана да ја посети Црна Гора.

Абазовиќ на Твитер напиша дека го поканил папата да ја посети Црна Гора и на тој начин да го исполни аманетот на Емили Огњановиќ, духовниот отец на папата од Аргентина, која по потекло е од Црна Гора.

Папата, напиша Абазовиќ, одговори: „И јас сум Црногорец“.

Тој додаде дека му е мило што се сретнал со папата во Ватикан, каде што е во дводневна посета и ќе има неколку одвоени средби, меѓу кои и со Католичката заедница во Сан Егидио.

Според Владата, посетата на Абазовиќ на Ватикан е показател за продолжување на дијалогот со Ватикан, кој Црна Гора континуирано го негува врз принципите на меѓусебно почитување, толеранција и разбирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена натепала скопјанец откако се скарале за…

Скопјанец вчера нападнат од жена откако настанало…

Штипјанка измамена за речиси 5.000 евра од…

42- годишна жена од Штип вчера пријавила…

За одредени пациенти имало и до осум…

Во лекувањето на одредени пациенти учествувале од…

Германска банка под истрага поради финансирање на…

Германската регионална банка „Волксбанк Келн Бон“ е…