(Видео) Пендаровски: Да внимаваме на “малигните актери” кои посакуваат дестабилизација на Балканот

t

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски преку видео порака се обрати до учесниците на 13. Меѓународна научна конференција што се одржува во Струга, по повод 45 години високо образование во областа на безбедноста на тема „Образовни предизвици и перспективи за безбедноста“.

„45 години работа на една образовна институција е значаен јубилеј, особено за институции во областа на безбедноста. Безбедносните прашања секогаш биле важна тема, а, сведоци сме дека во времето во кое живееме тие се уште позначајни. Не само како претседател, туку и како човек кој професионално во голем дел од својата кариера се бавел со безбедносни теми и проблеми, сметам дека е значајно да истакнам неколку работи кои се битни за актуелниот геополитички момент во кој живееме ние како држава, но, и светот во целина“, вели тој.

Неизбежно, најактуелно безбедносно прашање на денешнината, продолжи тој, е руската агресија врз Украина која тектонски ја поремети стабилноста на Европскиот континент кога мислевме дека по падот на Берлинскиот ѕид сме навлезени во период на долгорочен мир и стабилност.

„Веќе денес е јасно дека војната во Украина предизвикува редица предизвици на многу полиња со кои светот, а, поготово Европа мораат да се соочуваат. Најголем предизвик е и допрва ќе биде енергетската криза. Поради тоа неодамна го свикав и националниот Совет за безбедност за да ги слушнеме мерките кои владата ги планира за претстојната зимска сезона. Во исто време е потребно да внимаваме на безбедносните предизвици од трети страни или тн. малигни актери кои посакуваат дестабилизација на Балканот. Во оваа смисла постојат неколку точки во регионот кои претставуваат потенцијални жаришта кои можат да бидат искористени од трети страни за поголема регионална дестабилизација“, сподели Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Член на комисијата потврди: Бугарските историчари инсистираат…

Не работиме на утврдување на статусот на…

(Во живо) Отварање на бугарскиот културно-информативен центар…

Следете го во живо отварањето на новиот…

Добро утро со Инфомакс: Денешните историски докажувања…

Ѓорче Петров е македонски професор, публицист, историчар,…

Зајкова: Државава нема друга алтернатива освен ЕУ

Немаме веќе ниту време, ниту генерации за…

Добро утро со Инфомакс: Ќе ја оставиме…

На тројца комити, еден кодош, или во…