(Видео) Рашфорд во финишот му донесе триумф на Манчестер јунајтед

t

Денеска Манчестер јунајтед го совлада Вест Хем со 1:0 (0:0), во натпреварот од 23. коло во Премиер лигата.

Не беше толку возбудлив мечот во кој видовте само три удари во рамките на голот. Најдобрата шанса за „црвените ѓаволи“ ја имаше Фред во 50. минута, кога Ареола му го одбрани ударот.


„Чеканите“ во поголемиот дел од средбата беа и подобар ривал, но во 93. минута следуваше шок за гостите.

Домаќините имаа контра во последните секунди, Кавани го пронајде Рашфорд на втората статива, англискиот репрезентативец успеа да ја затресе мрежата. Се прегледуваше преку ВАР дали сè е регуларно и на крајот голот беше признат.

Лидс беше совладан дома од Њукасл со 0:1, а претходно Евертон загуби пред своите навивачи од Астон Вила.

Табела: Манчестер сити 56 бодови, Ливерпул 45, Челси 44, Манчестер јунајтед 38, Вест Хем 37, Тотенхем 36…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Хаос на фудбалски натпревар: Масовна тепачка,…

Порто остана непоразен во последните 50 меча…

ФИФА ранг листа: Македонија останува на 67…

Македонската фудбалска репрезентација останува на 67. позиција…

Изненадување: Пандев ја напушти Џенова и се…

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија,…

Пандев: Македонија ми е во срцето, а…

Горан Пандев испиша историја во македонскиот фудбал,…

(Видео) Рашфорд во финишот му донесе триумф…

Денеска Манчестер јунајтед го совлада Вест Хем…