ФИФА ранг листа: Македонија останува на 67 место
Македонската фудбалска репрезентација останува на 67. позиција на ФИФА ранкингот и во текот на февруари.
Светската фудбалска федерација денеска го објави новиот ранкинг, а период без настапи значеше и задржување на истата позиција на нашата најдобра фудбалска селекција.
Нема поголеми промени ниту на врвот, каде лидер е Белгија, пред Бразил и Франција, а единственото важно придвижување е тоа на Аргентина, која сега е четврта и ја истисна Англија на петтото место.
Во Топ 10 се уште и Италија, Шпанија, Португалија, Данска и Холандија.
Најмногу промени има кај селекциите од Јужна и Средна Америка, Азија и Африка, бидејќи таму изминатиов период се играа квалификациски натпревари
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…