(Видео) САД имаат 336 вакви лабаратории ширум светот: Се огласи и Кина бара разјаснување на милитаризираните билошки активности на САД во Украина!

t

Кина ги повика САД да ги разјаснат нивните биолошки милитаризирани активности и дома и во странство и да прифатат мултилатерална верификација, изјави во вторникот портпаролот на Министерството за надворешни работи Жао Лиџијан, откако тајните биолаборатории во Украина, управувани од САД предизвикаа низа шпекулации.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан беше домаќин на редовна прес-конференција на 8 март.

На новинарското прашање: Неодамна, американската биолошка лабораторија во Украина привлече големо внимание. Се наведува дека американската амбасада во Украина итно ги избришала информациите поврзани со лабораторијата. Кој е коментарот на Кина?

Жао Лиџијан вели: Забележав релевантни извештаи/

Неодамна, американската биолошка лабораторија во Украина навистина привлече големо внимание од сите страни.

Објектите, наводно, складираат големи количини на опасни вируси, а Русија, исто така, за време на воените операции открила дека САД ги користат овие капацитети за биовоени програми.

Според податоците објавени од самите Соединети Американски Држави, САД имаат 26 биолошки лаборатории во Украина.

Опасни вируси се чуваат и во Узбекиста, сите истражувачки активности се предводени од САД, а ниедна информација не може да се открие без дозвола од САД.

Според сегашната ситуација, ги повикуваме сите засегнати страни да ја осигураат безбедноста на овие лаборатории, почнувајќи од здравјето и безбедноста на луѓето во Украина и околните области и ширум светот.

Конкретно, САД, како страна која најдобро ги познава овие лаборатории, треба што поскоро да ги објават релевантните детали, вклучително и кои вируси се складирани и кои истражувања се направени.

Биовоената активност на САД во Украина е само врвот на ледениот брег.

Министерството за одбрана на САД контролира 336 биолошки лаборатории во 30 земји во светот под премиса за „соработка за намалување на ризиците за биосигурност“ и „зајакнување на глобалното јавно здравје“.

Да, 336, добро слушнавте.

Соединетите Американски Држави спроведуваат голем број биовоени активности во базата Форт Детрик во своите граници.

Која е вистинската намера на Америка?

Што точно прават?

Меѓународната заедница отсекогаш имала сомнежи.

Соединетите Држави отсекогаш биле таинствени, па дури овие покренати прашања на меѓународната заедница ги посочија „ширење лажни информации“.

Не само тоа, САД веќе 20 години исклучиво го попречуваат воспоставувањето на механизмот за верификација на воено биолошките спопсобности, одбивајќи да ја прифатат верификацијата на нивните биолошки капацитети дома и во странство, што дополнително ја влошува загриженоста на меѓународната заедница.

Уште еднаш ја повикуваме американската страна да даде сеопфатни појаснувања за нејзините домашни и странски активности за биолошка милитаризација и да прифати мултилатерална верификација.

Но ова не е ништо ново, уште во октомври 2020 година по појавувањето на коронавирусот за кој постои сериозна сомнеж дека произлегува од лабараторијата финансирана преку посредници од Ентони Фаучи во Вухан, Кина и Русија ја истакна својата загриженост за овие лабаратории.

Кина тогаш ги повика Соединетите држави да понудат сеопфатно појаснување за нивните активности за биолошка милитаризација во странство.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Жао Лиџијан, ги даде забелешките одговарајќи на прашање за извештајот според кој Дмитриј Медведев, заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, рече дека американските истражувачки активности во био-лабораториите на независни држави предизвикале голема загриженост. .

„САД не само што градат биолаборатории на своја територија, туку се обидуваат да го сторат тоа и на други места низ светот“, изјави Медведев пред две години. „Сепак, нивното истражување нема транспарентност и е спротивно на правилата на меѓународната заедница и меѓународните организации.

Ова не е првпат меѓународната заедница да изразува загриженост за активностите на биолошката милитаризација на САД во други земји, рече Жао на редовниот брифинг со новинарите, додавајќи дека Кина постојано нагласува дека таквите активности не се транспарентни, безбедни или оправдани.

Жао рече дека според извештаите на медиумите, САД имаат формирано многу био-лаборатории во 25 земји и региони низ Блискиот Исток, Африка, Југоисточна Азија и поранешниот Советски Сојуз, а 16 само во Украина. Некои од местата каде што се сместени лабораториите забележале големи епидемии на сипаници и други опасни заразни болести. USA Today известува дека од 2003 година има стотици инциденти кои вклучуваат случаен контакт со смртоносни патогени кои се случиле во био-лабораториите на САД дома и во странство. Ова може да предизвика да се зараза на вработените, кои потоа можат да го пренесат вирусот во заедниците и да започнат епидемија.

Тој, исто така, покрена прашања за целта на изградбата на толку многу био-лаборатории низ светот и нивните безбедносни стандарди.

„Зошто напорите се предводени од војската? Колку чувствителни биолошки ресурси и колку информации собра од релевантните земји? Праша Жао, барајќи да знае дали постои потенцијална опасност од протекување.

„Зошто Соединетите Држави, повеќе од една деценија, стојат поединечно на патот на преговорите за протоколот воено биолошки способности кој вклучува режим на верификација? – праша портпаролот.

Соединетите држави треба да бидат отворени, транспарентни и одговорни, да одговорат на меѓународните грижи, верно да ги спроведуваат своите обврски за BWC, да ги разјаснат своите активности за биолошка милитаризација во странство и да престанат да ги блокираат преговорите за протокол кој вклучува режим на верификација, изјави Жао пред две години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во среда ќе нема струја од 4…

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре…

Хидранти нема ни во Совет на Општина…

Кумановските советници не дај Боже ќе изгорат…

(Фото) Тешка сообраќајна несреќа во Топанско Поле!

Тешка сообраќајна несреќа доцна вечерва се случи…

Во 59 минута најтажниот громогласен аплауз во…

На почетокот од 59. минута од вечерашниот…

Селективна правда втор дел? Зошто актуелни функционери…

Фејсбук страницата Bella Ciao продолжи да ги…