116 години од раѓањето на Мајка Тереза
На денешен ден, пред 116 години, во Скопје е родена Агнеса Гонџа Бојаџиу, позната во целиот свет како Мајка Тереза. Родена е на 26 август 1910 година, на тогашната улица Поп Кочина број 14, на просторот каде што денес се наоѓа плоштадот Македонија.
Гонџа била најмладото дете во семејството. Имала постара сестра Ага и брат Лазар, а потекнувала од добро ситуирано семејство во кое, според сведоштвата за нејзиното детство, особено се негувала грижата за луѓето на кои им била потребна помош.
Уште на 12-годишна возраст, Гонџа почувствувала повик да му го посвети својот живот на Бога. Шест години подоцна го напуштила родното Скопје и заминала кон Даблин, Ирска. Од железничката станица во Скопје, заедно со мајка ѝ Драна и сестра ѝ Ага, отпатувала за Загреб, од каде што продолжила кон Ирска. Тоа била и нејзината последна средба со мајка ѝ и сестра ѝ.
Нејзината животна мисија подоцна ја однела во Индија, каде што започнала долгогодишна работа со сиромашните, болните и најранливите. За својата исклучително широка хуманитарна дејност, во 1979 година ја добила Нобеловата награда за мир.
Мајка Тереза починала на 5 септември 1997 година во Колката, Индија, по повеќегодишни здравствени проблеми поврзани со срцето и белите дробови.
Само две години по нејзината смрт започнала диоцезиската фаза од процесот за нејзината беатификација и канонизација. Папата Јован Павле Втори ја прогласил за блажена на 19 октомври 2003 година, со што ја добила титулата блажена Мајка Тереза.
Процесот продолжил и по беатификацијата. На 17 декември 2015 година, Ватикан потврдил дека папата Франциско го признал и второто чудо што ѝ се припишува, поврзано со оздравувањето на човек од Бразил со повеќе тумори на мозокот.
Мајка Тереза е канонизирана на 4 септември 2016 година на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, пред десетици илјади верници. Со тоа Агнеса Гонџа Бојаџиу и официјално станала Света Тереза од Калкута, оставајќи зад себе светско наследство на хуманитарна работа и помош за најсиромашните. објави Скопје1.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски жестоко му возврати на Трамп: „Не…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати директна критика…
Фицо: Наскоро ќе точите скап американски дизел…
Словачкиот премиер Роберт Фицо остро ја критикуваше…
Шест полицајци ќе бидат суспендирани поради наводни…
Шест полициски службеници ќе се соочат со…
Во Пиринска Македонија одбележани Кресненското востание и…
Со положување венци и цвеќиња, пригодни говори…
ПОЛИЦИЈАТА „ЧЕШЛАЛА“ НИЗ СКОПЈЕ: Во акција приведени…
На 10/11.10.2026 во Скопје, на различни локации…