(Видео) Села за Инфомакс: Финансова на Муареми врши политички притисок во нашите општини – без опозиција нема демократија
Претседателот на Алијаната за Албанците, Зијадин Села истакна дека институциите со кои раководи неговата партија е мета на постојани притисоци од Финансовата полиција на Арафат Муареми, функционер кој сега е под истрага за рекетирање на бизнисмени.
-Како претседател на партијата имам информации дека Финансова полиција е редовна како вработена во институциите со кои раководи Алијансата за Албанците, говорам за наши кадри како што е општина Гостивар и другите опшитини кои ние ги менаџираме. Тоа јасно кажува дека тоа се прави намерно, се врши притисок и уцена врз опозицијата. А да удираш врз опозицијата, тоа е удар врз демократијата на една држава. Тоа што и дава значење на демократијата тоа е постоењето на опозиција. Бидејќи власт имаат и тоталитарните држави, вели Муареми.
Сепак Села потенцира дека таквите притисоци врз Алијанса се безуспешни бидејќи одлични ги менаџираат институциите.
-Таквите обиди се безуспешни, институциите со кои менаџира Алијансата за Албанците се познати по транспаренција, инвестиции и добро менаџирање со тие институции, вели тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
40 повредени од кои седуммина на респиратор…
Вкупно 40 лица повредени во големиот пожар…
Шест активни пожари низ Македонија, два под…
На ден 14.08.2026 година, до 13:00 часот,…
Град Скопје: На 18 август ќе спроведе…
Скопје на 18 август ќе спроведе терестрична…
СЗО: Повеќе од четири напади дневно врз…
Повеќе од 900 напади врз здравствени установи,…
Маж подолг период вршел физичко насилство на…
Полициски службеници од СВР Тетово лишиле од…