Објавено на:

Инвеститорите губат интерес за грчките „златни визи“ — половина од досегашните ги добиле Кинези

t

Речиси половина од важечките дозволи за престој на инвеститори во Грција, познати како „златни визи“, им се издадени на кинески државјани, објави „Катимерини“ наведувајќи и дека барањата за издавање нови вакви документи се речиси преполовени.

Според податоците на грчкото Министерство за миграција и азил, заклучно со јуни, Кинезите имаат 11.921 дозвола, односно 47,7 отсто од вкупниот број. Следуваат Турците со 4.543 дозволи, а потоа Либанците со 1.145.

Меѓу десетте најзастапени националности се и државјани на Иран, Велика Британија, Израел, Египет и САД, додека на последните две места се Ерменците со 258 и Србите со 224 дозволи.

Во Грција во моментов има 32.702 активни дозволи за престој издадени преку програмата „Златна виза“, без да се сметаат членовите на семејствата на инвеститорите.

Од јануари 2022 до јуни 2026 година биле поднесени нешто повеќе од 41.000 барања за издавање или обновување на ваква дозвола. Околу 77 отсто се одобрени, 22 отсто сè уште се разгледуваат, а околу еден процент се одбиени.

Програмата овозможува странски државјани со инвестиција во недвижности да добијат петгодишна дозвола за престој во Грција. Минималната инвестиција првично изнесуваше 250.000 евра, но по измените во 2024 година во делови од земјата е зголемена на 400.000, а во најбараните градови и острови на 800.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…

Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…

Грчкиот раст и натаму е над европскиот

Грција и натаму бележи повисок економски раст…

(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…

Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…

Грција ќе ги штити своите F-35 со…

Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…

Во првите седум месеци од годинава Грција…

За 8,6 отсто се зголемил бројот на…