Објавено на:

(Видео) Селективна демократија: Канада ги апси организаторите на протестите

t

Канадската полиција уапси двајца организатори на протести на камионџии кои во четвртокот ги блокираа улиците на Отава, откако официјалните власти предупредија дека крајот на речиси тринеделниот протест против епидемиолошките мерки е неизбежен.


Полни полициски автобуси пристигнаа во четвртокот во близина на зградата на парламентот во Отава, а работниците поставија дополнителни заштитни огради околу владините згради, според агенцијата АП.


Полицијата презеде нови мерки за затворање на поголемиот дел од центарот на градот за да се спречи можноста некои лица да бидат пресретнати во помош на демонстрантите.

„Акцијата е неизбежна. „Ние сме апсолутно посветени да ставиме крај на овие нелегални демонстрации“, рече привремениот началник на полицијата во Отава, Стив Бел.
Како што наведе, полицијата уапсила двајца организатори на протестот – Тамара Лич и Крис Барбер во близина на зградата на парламентот.

Отава е последното упориште на движењето наречено „Конвој на слободата“ по неодамнешниот крај на демонстрациите и блокадите кои ги затворија граничните премини со САД, предизвикаа економска штета на двете земји и му создаде политичка криза на канадскиот премиер Џастин Трудо.


Ваквите протести инспирираа слични конвои во Франција, Нов Зеланд и Холандија.


„Крајно време е овие незаконски и опасни активности да престанат“, рече премиерот Трудо во парламентот, недалеку од местото каде што беа паркирани повеќе од 300 камиони.
„Тие се закана за нашата економија и за нашиот однос со трговските партнери. Тие се закана за јавната безбедност“, нагласи канадскиот премиер, пренесе Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во домот на 27-годишен стружанец пронајдени 174…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.Р.…

Трамп промовира „масовен“ договор со Белорусија за…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон…

Уапсен е еден од најбараните бегалци во…

Шведскиот државјанин Али Намдар, клучна фигура во…

Карни ѝ нуди на ЕУ енергенси и…

Канадскиот премиер Марк Карни во средата предложи…

Карни: Канада ја прифаќа понудата за „придружно…

Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека Канада…